Француската актерка и манекенка Летиција Каста на 31 март ќе ја открие својата восочна фигура во парискиот музеј Гревен. Директорот на музејот Бернар Пиво изјавил дека Летиција е вистинска модна икона и актерка со голем талент.

Восочната Летиција на себе ќе има креација на Роберто Кавали, копија на фустанот кој го носела во 2011 година на свеченото отварање на филмскиот фестивал во Кан. Летиција во музејот ќе биде во друштво на фигурите на Бред Пит, Џорџ Клуни и Селин Дион. Каста глумела во најскапиот филм во историјата на француската кинематографија, „Астерикс и Обеликс против Цезар“, заедно со Роберто Бенини и Жерар Депардје.