Со одлука на Советот на општина Охрид наскоро стартува летниот режим на сообраќај кој на сила ќе биде до 1 септември.

Според предлогот што денеска треба да го усвојат советниците за еднонасочни улици во градот Охрид се определуваат:

 – улицата „Кирил и Методи“ во насока спрема Горна порта, (оваа измена е за летниот режим, а после 01.09.2007 год. на оваа улица ќе се одвива двонасочен сообраќај);
 –  улицата „Крум Точко“ од насока на Горна Порта во насока спрема Дрвара;
 –  улицата „Гоце Делчев“ од пресекот на оваа улица со улицата „Абас Емин“ во насока спрема Струга и тоа до пресекот со улицата „Стив Наумов“;
 – улицата „Стив Наумов“ од пресекот со улицата „Гоце Делчев“ до пресекот со улицата „Пере Тошев“во насока спрема улицата „Пере Тошев“;
 – улицата „Македонски Просветители“ и тоа од пресекот со улицата „Димитар Влахов“ до пресекот со улицата „Партизанска“ во насока према езерото;
 – улицата „Јане Сандански“од пресекот со улицата „Партизанска“ во насока до пресекот со Кејот „Маршал Тито“, /оваа измена е за летниот режим, а после 01.09.2007 год. на оваа улица ќе се одвива двонасочен сообраќај;
 –  Кејот „Маршал Тито“ од пресекот со кружниот тек до пресекот со улицата „АСНОМ“, гледано во насока на движење спрема улицата „АСНОМ“. На дел од оваа улица и тоа од кружниот тек на сообраќај па се до раскрснницата со улицата „Јане Сандански“, во периодот од стапување на сила на оваа одлука па се до 31.08.2007 година се забранува секаков вид на моторен сообраќај;
 – улиците „Димитар Влахов“ од насока на улицата „Јане Сандански“ до пресекот со улицата „Македонски Просветители“;
 –  улицата „Даме Груев„ од насока на улицата „Македонски Просветители“ до персекот со Булеварот „Туристичка“;
 –  улицата „Ванчо Николески“ од пресекот со улицата „Партизанска“, па се до пресекот со улицата „Димитар Влахов“, во насока према улица „Димитар Влахов“;
 – улицата „Серафим Китаноски“ од пресекот со улицата „Партизанска“ до пресекот со улицата „Димитар Влахов“;
 – улицата „Цар Самуил“ од пресекот со улицата „Коста Абраш“ до ресторанот „Св.Софија“ во насока спрема црквата „Св.Софија“;
 –  улицата „Коста Абраш од кај црквата „Св.Софија“, па се до хотел „Александрија“.

Сообраќајот на дел од улицата „Партизанска“ и тоа од пресекот со улицата „Ванчо Николески“ до пресекот со улицата „Јане Сандански“ ќе се одвива во три ленти наменети за движење во една насока.

Како привремени паркинг-простори каде паркирањето ќе се врши со наплата, се определуваат следните простори:

 – дел од улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ и тоа од пресекот со улицата „Партизанска“, спрема езерото со дел од паркинг-просторот позади НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид.
 –  Булеварот „Туристичка“ од двете страни кај Градскиот пазар како и во продолжение после раскрсницата со улицата „Македонски Просветители“ се до пресекот со улицата „Даме Груев“;
 –  улицата „Македонски Просветители“ по целата должина од левата страна;
 – улицата „Димитар Влахов“ од влезот во старата автобуска станица до пресекот со улицата „Македонски Просветители“ од левата страна гледано во насока на движење;
 – улицата „Партизанска“ од самиот почеток до пресекот со улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ од двете страни;
 – Кејот „Маршал Тито“ со кружниот тек па се до пресекот со улицата „Јане Сандански“ од левата страна гледано во насока на движење на возилата и тоа само во временскиот период после 01.09.2007 год.;
 – улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ од пресекот со улицата „Димитар Влахов„ до пресекот со улицата „Партизанска“ од левата страна (косо паркирање);
 –  Делот од Кејот „Маршал Тито“ и тоа од пресекот со улицата „Ванчо Николески“ па се до пресекот со улицата „Јане Сандански“ во периодот од стапување на сила на предложениот режим па се до 31.08.2007 год. ќе се користи како паркинг простор со влез од улица „Јане Сандански“.
 Како паркинг-простор без наплата се определува:
 –  Полигонот за мали спортови.

На Плоштадот „Св.Климент Охридски“ (кружен тек) на дел од улицата „Коста Абраш“ од самиот Плоштад па се до зградата на Капетанија, за цело време додека трае предложениот режим на сообраќај и тоа во временски интервал од 20,оо часот до 05,оо часот се забранува секаков вид сообраќај, при што целиот овој простор ќе се користи како пешачка зона. Во временскиот период од 05.00 часот до 20,оо часот на горе-наведениов дел, ќе можат да се сообраќаат само МВ кои имаат обезбедено специјални пропусници.   
 
Снабдувањето на објектите да се врши во времето од 05,оо часот до 09,оо часот. Во овој временски период ќе можат да се движат ТМВ, чија-што вкупна тежина не надминува 5 тона. На наведениот простор, со исклучок, да се движат специјални комунални возила, возила на МВР, АРМ, санитетски возила, погребни возила и ППЗ возила, /оваа измена е за летниот режим односно до 01.09.2007 година.

На улиците „Коста Абраш“, „Цар Самуил“ и „Илинденска“, секој ден додека трае горепредложениот режим на сообраќај во времето од 20,оо часот до 05,оо часот се забранува секакво движење на возила, (оваа измена важи само за летниот режим.).
 Улицата „Св.Климент Охридски“ (Чаршијата), Плоштадот „Крушевска Република“ (Чинар), улицата „Гоце Делчев„ (Стара чаршија) се забрануваат за сообраќај преку целата година.

Во Стариот дел од градот и тоа од „Горна Порта“ ќе можат да се сообраќаат само МВ со специјални пропусници за жителите од тој дел како и такси возилата, кои ќе ги издава Одделението за комунален развој на лица и . На наведениот простор, со исклучок, да се движат специјални комунални возила, возила на МВР, АРМ, санитетски возила, погребни возила и ППЗ возила. (оваа измена е за летниот режим, а после 01.09.2007 год. ќе важи стариот режим).
 
На издавачите на соби (легла) за приватно сместување ќе им се издаваат онолку пропусници за колку што го имаат решено просторот за паркирање.

Со пртедлог одлуката се врши дислокација на такси-постојката на улицата „Гоце Делчев“ моментално лоцирана на десната страна, и прелокација на истата на левата страна. Автобускиот сообраќај кој се одвива по улицата „Гоце Делчев“ кон Центарот на градот да се пренасочи по улицата „Бистрица“ кон Булевар „Туристичка“.

Оваа Одлука влегува во сила од денот на објавувањето во „Сл.гласник на општина Охрид“

Г. М.