И годинава во Охрид ќе има летен панаѓур кој е планирано да се одржи во спортската арена „Билјанини извори“.

–  Алтернативните активности се многу битни за функционирањето на јавното претпријатие. За неколку дена ќе заврши пријавувањето и се надеваме дека ќе има доволен број заинтересирани за да се организира панаѓурот и да влеземе во реализација на тој проект, ни изјави директорот на ЈП „Билјнаини извори“, Иван Цветкоски.

Тој информираше дека за разлика од минатите години кога јавното претпријатие ја препушташе организација на други субјекти, оваа година тоа ќе биде коорганизатор на панаѓурот заедно со скопската фирма „Евробизнис“.

Се надеваме дека таа соработка ќе ни донесе доволно искуство во иднина сами да го организираме панаѓурот, додаде Цветкоски.

Летниот панаѓур во спортската арена „Билјанини извори“ ќе се одржи во периодот од 19 јули до 5 август.

Ohridnews