Во комбинација на нивниот талент и лудите истовремено уникатни идеи, Оги и Маркос, велат дека отвараат нова димензија на македонската музичка сцена. Се работи за вистински летен хит кој како што најавуваат тие, ќе прави бум во сите ноќни клубови и дискотеки каде што се слуша македонска забавна музика. Темата се вика „Играј играј“ и ексклузивно можете да ја чуете тука:
Оги кој е РнБ изведувач и моментално студира во Америка, со уникатниот машки вокал Маркос ја создаваат нивната песна под наслов “Играј,играј”. Текстот на оваа песна го напишаа самите тие, а за да се реализира таа беше вклучен продуцентот од Охрид, Даниел Јовески. Екипата раскажува дека додека ја изработувале песната била луда атмосфера во студиото “Sustain” на Даниел. Песната “Играј Играј” како што се најавува ќе добие и англиска верзија ексклузивно за американскиот и светски пазар. Оги исто така не известува дека дуетот со познатиот Андреј од групата ДНК е во завршна фаза и треба да биде пуштен ова лето.
Оги и Маркос