Најновиот летен камп „Princess Prep“ станал голем хит меѓу младите девојчиња во САД. Девојчињата во кампот можат да ги научат правилата на однесување меѓу членовите на кралското семејство. Меѓу лекциите се и јавање коњ и како да се изведе совршено поклонувње. Кампот е исклучиво за девојчиња од 8 до 11 години, а освен однесувањето ја учат и историјата за кралското семејство, филантропија и манири кај користењето на телефоните.


Цената на курсот изнесува околу 5 илјади долари, а во цената се вклучени и авионските карти, бидејќи обуката се одржува во Кесингтон, каде девојчињата имаат секојдневна настава. Тие ќе ги посетат и четирите кралски палати. Два курса во траење од три седмици се веќе распродадени, а курсот започнала да го организира американката Џереми Фин, која рекла дека отсекогаш сакала да биде принцеза.