Познатата охридсака плажа Cuba Libre od 12 do 25 јули ќе биде центар на забавата и танцот. Имено, во организација на танцовиот клуб „Ритам плус“ oд Скопје и плажата Cuba Libre, ќе се одржи  Интернационалент летен танцов камп. Четирите фестивалски дена со неодоливиот латино ритам ќе бидат исполнети со кубанските танци: Salsa Cubana, Show Style Salsa, Salsa on1, Salsa on2, Bachata, Reggaeton, Rumba Cubana, Rueda… и многу други.
Инструктори по танц и гости на овој втор по ред „Салса Фестивал“ ќе бидат професионалци од Куба, Доминиканска Република, Америка, Италија, Шпанија, Унгарија, Шведска, Германија, Србија, Кувајт, Црна Гора, Грција, БиХ и Македонија.
Настанот ќе го надополнат диџеите Рамос (Куба), Мустафа Ал Асад (Кувајт) и Димче (Македонија) 
Минатата година  Салса фестивалот беше посетен од 250 странски учесници.
OhridNews