Група активистки за правата на жените во Швајцарија го обележaла меѓнародниот ден на жената во Берн со необична изведба, на која во воздух пуштиле околу сто балони за кои биле врзани градници.


Активистките Тереза Фрес и Франциска Тојсер ослободиле околу сто балони пред зградата на парламентот во Швајцарија, во знак на протест поради лошата положба на жените во швајцарското општество. Интересно е и тоа што жените во Швајцарија се меѓу последните европјанки кои добиле право на глас, а тоа се случило во 1971 година.