Дизајнерите од фирмата „Design Q“ ги открија плановите на луксузниот Ербас 380 од 75 метри кој го уредиле како “летечка палата“. Според плановите на авионот се претпоставува дека ќе го купи некој богат Арап. Освен сала за концерти, “летечката палата“ има и сауна, соба за состаноци, хидраулична гаража со Ролс Ројс.
Во својата основна верзија, во авионот може да има до 850 патници. Но, делукс верзијата има црвен тепих преку кој ќе зачекорат само неколкумина среќници. Салата за концерти ќе има бина, клавир и седишта за десеттина луѓе. Дизајнерите се надеваат дека првиот авион ќе биде испорачан за 3 години. Во можни купувачи го вклучуваат сопственикот на хотелот „Савој“, принцот ал-Валид бин Талал.