Вселенско летало од тајната програмата на американската армија, слета вчера во воената база во Јужна Калиформија. Леталото мина речиси две години во вселената кружејќи околу Земјата, што е најдолго до сега. Мисијата е класифицирана како „строго доверлива“.
Што правело ова летало 674 дена во орбитата на планетата, засега е само предмет на шпекулации. Според една теорија тоа било во шпиунска мисија, друга наликува на филм со James Bond дека леталото може да „заробува“ сателити на други земји.
Во кусото соопштение на Американската армија се вели дека леталото било вклучено во вселенски експеримент.
Тајното вселенско летало е дел од програмата наречена „X-37B“, која започна во 1999 година во соработка на неколку федерални агенции и НАСА. Во моментов со неа раководи американската воена авијација. Леталото, кое е целосно автоматизирано го конструираше „Боинг“, а вселенската мисија започна во декември 2012 година. Тоа се задржа во вселената долго благодарение на системот за користење на соларна енергија. Американската армија планира да лансира уште едно летало во вселената од оваа програма, следната година од Кајп Кнаверал, Флорида.
OhridNews