Меѓународниот ден на борба со перници, 6 април, оваа година бил обележан во повеќе од 100 градови ширум светот, од Будимпешта и Лондон, преку Хонг Конг, до Бостон и Чикаго.
Пердуви летале на сите поголеми плоштади каде учесниците се собрале како би се тепале со перници и како би се растовариле од насобраниот стрес. Можеби највозбудливо било на лондонскиот Трафалгар Сквер, каде во весела атмосфера неколку илјади луѓе се тркалале во голем облак од пердуви.