Еден инструктор за летање и пензиониран поручник во американското воено воздухопловство од Колорадо за малку ќе ја оплескал во еден рутински лет со студент. Пред летот заборавил да го провери количеството на гориво. Авионот почнал да губи висина, но за среќа летале над рамнина па успешно слетале на ливада.
Вели дека се чувствува неудобно, но за среќа авионот бил направен за вакви слетувања, па дури и не се оштетил. Сега барем знаеме дека студентот ја научил најважната лекција- секогаш да го проверува горивото пред летање, се пошегувал инструкторот.