Алчноста за пари, постојаните компромиси заради лични интереси, желбата за власт, отсуството на стратегија за развој на фудбалот, недефинираната структура на клубовите и уште дузина фактори се причините за летот во место на бубамарата.
На најголемиот фудбалски бренд, со богата 62-годишна традиција и со вкупно 12 титули, Вардар, му дојде добро паузата за средување на состојбите, зашто неиграње на уште еден натпревар, како тој против Металург, ќе значеше иста судбина и за “црвено-црните” како и за актуелниот шампион Македонија ЃП и поранешниот трикратен првак Слога Југомагнат. Тие, поради бојкот на првенството, веќе се префрлени во општинска лига. Со евентуалното неиграње на Вардар и Првата македонска лига би била нерегуларна, бидејќи три од вкупно 12 клуба не би го завршиле првенството.
Поводот за клинчот меѓу Вардар и Фудбалската федерација на Македонија е случајот со 17-годишното голобрадо талентирано момче, Стефан Ристовски.
Прашањето што ги мачи редуцираните вљубеници во мак-фудбалот е – од каде да се почне во средувањето на состојбите?
Приватизацијата со можност за продажба и запис на акции остана само пуста желба во овој клуб, а тоа е еден од условите за да се спречи безвластието во клубовите. Секоја чест на исклучоците, но сега со клубовите владеат сомнителни структури, кои не вложуваат пари и го користат спортот за остварување лични интереси. Нов закон за спорт е најдобриот лек за битка против фудбалските манипуланти. Со точно одредени правила на игра и пред се даночни олеснувања за сериозните финансиери, ќе бидат исфрлени од игра сите што го доведоа мак-фудбалот до ова дереџе, зашто по примерот на Вардар се организирани и повеќето наши клубови – како здруженија на граѓани.
И ФФМ треба да се замисли штом “црвено-црните” немаат свој претставник во Собранието, орган кој одлучува за најважните фудбалски прашања. Од вкупно 117 делегати, најмалку претставници имаат професионалните клубови. Формирањето здружение на прволигаши, тело што ќе раководи со домашното првенство, е исто така неопходно. Таквиот потег треба да го помогне и ФФМ. Од него може да произлезе и иницијативата за формирање синдикат на фудбалери, кои се и најзагрозени поради хаосот во мак-фудбалот. Во Вардар деветмина играчи веќе побараа раскин на договорите на штета на клубот поради неплатени придонеси. Таквата постапка можно е да ја повторат уште десетина нивни колеги од Пелистер, Милано и од другите клубови што се на работ на егзистенција. Јавна тајна е дека проретчените плати фудбалерите ги добиваат на црно, кеш.
Уште едно преспивање на зимата ќе нe остави во редот на аматерските лиги од дното на европскиот фудбал. Ако и државата се вклучи во оваа битка за спас на фудбалот, тогаш може да се надеваме на силни и професионални клубови, со јасна структура, со задоволни фудбалери, што е предуслов за полни стадиони и квалитетен фудбал.
Во духот на македонштината и вродениот патриотизам кој и низ ушите ни течит нема да дозволиме да сме втори Скопје да е втор Абре во душа нѝ е да сме лидери на балканот и незнам како се случи Сараев...
Јас незнам шо министерот за локална самоуправа, Златко Перински, имат толку против формирање Албанска академија на уметностите Не ми е јасно з`ш Перински можда не директно ама тој и неговите некога...
Абе ко му се испрај, ко шо е онака мажиште пусти Венко широк во плештине, Мицко се собра ко глувче А пак искрени да сме убо му згрми дека ги излажа професорите Мицко ќе му даел само 5% повисока пла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.