Кошаркарите на МЗТ Скопје го дуплираа водството 2-0 во финалната серија со Работнички победувајќи го градскиот ривал со 69-60. На „штрковите“ им е потребна уште една победа за осигурување на титулата.

Вториот меч од серијата во финалето подобро го отвори Работнички кој водеше констатно и после десет минути игра поведе со 21-15. Во вториот квартал предноста во корист на домаќините остана иста, откако заврши егла 17-17.

Половина од негативата МЗТ Скопје намали во третиот период кој го доби со 15-12. Комплетен пресврт за победа „сино белите“ направија во завршните десет минути. Одбраната одигра на ниво примајќи само 10 поени, а нападот беше расположен уфрлувајќи 22 кошеви за конечна победа 69-60.

Третиот натпревар кој може да го даде новиот шампион во Првата лига се игра четврток (утре) во 20 часот и 15 минути.

OhridNews