Фудбалерите на Манчестер Сити официјално се нови шампиони во англиската Премиер лигата. „Граѓаните“ на две рунди до крајот имаат недостижна предност во однос на второпласираниот Манчестер Јунајтед, кој денеска, во дербито со Лестер претрпе тесен пораз 2-1.

„Лисиците“ максимално го искористија комбинираниот состав на Манчестер Јунајтед, победувајќи со 2-1, со што во голема мера го осигураа пласманот во топ 4 и Лигата на Шампиони. Гостите од Лестер резултатот го отворија во десеттата минута со погодокот на Томас. Пет минути подоцна, „црвените ѓаволи“ изедначија, преку Мејсон Гринвуд. Стрелец на победничкиот погодок за Лестер беше Сојунчу во 66-та минута од мечот.

После офијализирањето на Манчестер Сити во нов англиски шампион се решија најголем број од дилемите. Во борбата за опстанок се е решено, а останува уште да се распредалат местата на табелата кои водат во Европа.

OhridNews