Фудбалерите на Лестер, во првиот натпревар од 10-та рунда во Премиер лигата во фантастичен одигран натпревар го совладаа домашниот состав Саутемптон со неверојатни 9-0. Одлуката за победникот на „Сент Мери“ стадионот падна во првиот дел кога гостите водеа со 5-0 а домаќините останаа со фудбалер помалку. До крајот „лисиците“ постигнаа уште четири голови за убедлива победа 9-0 и рушење на рекорди во Премиер лигата.

Со триумфот над Саутемптон, Лестер го изедначи рекордот на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ во 1995 година на домашен терен со идентичен резултат го совлада Ипсвич. Еден од стрелците на головите беше сегашниот менаџер Оле гунар Солскјер.

По три погодоци за тимот на Лестер реализираа Варди и Перез, а по еден постигнаа Чилвел, Талисман и Медисон. Победата на Лестер е најубедлива сезонава. Манчестер Сити на стартот од сезоната со 8-0 го совладаа Ватфорд.

Лестер броеше до девет против Саутемптон.

OhridNews