Екипата на Лестер ден после убедлвиот пораз на домашен терен од Кристал Палас (4-1) му врачи отказ на францускиот стручњак Клод Пуел.
Симпатизерите на Лестер со воодушевување го прифатија отказот на 57-годишниот стратег кој не беше омилен на трибините. На Французинот во прилог не му одеа ниту резултатите, а гневот го навлече и од фудбалерите кои не беа задоволни од неговото работење.
Дебаклот на „Кинг Пауер“ стадионот само ја прели чашата кај челниците на клубот кои го отпуштија менаџерот. Пуел во Лестер пристигна во 2017 година на местото од Клаудио Раниери.
За кандидат број еден за преземање на палката во Лестер се смета Брендан Роџерс кој моментално е предводник на Селтик од Шкотска.
OhridNews