Лесно според очекувањата охридските сини стигнаа до третата победа на домашен паркет. По Вардар и МЗТ поразен од Охрид си оди и фенерџијата Маврово.
Влегоа како фаворити но не оставија ништо на случајноста па пресинг играта по целиот терен уште од самиот старт даде плод, гостите мака мачеа да врзат еден течен напад , а под притисокот на агресивната одбрана на домашните не ги реализираа првите 6 напади.
Место фуриозно, охриѓани полека но сигурно го полнеа кошот на гостите кои немаа решение за колективната игра на АМАК СП. Гацов се одлучи да им даде шанса на сите кошаркари па на полувремето стигнаа до плус 22 (42-20).
Многумина во салата се потсетија на минатиот натпревар против МЗТ кога охриѓани успеаја да пропуштат вака голема предност, но очигледно охриѓани ја научиле лекцијата дека кошарката се игра 40 мин,но и за волја на вистината ниту пак Маврово е МЗТ.
Ништо битно не се промени и во во вториот дел, комбинираниот тим на АМАК СП продолжи да ја зголемува разликата која на моменти изнесуваше и преку 35 поени,гостите знаци на живот покажуваа преку најефиксниот на натпреварот Јанески (22 п).
Комплетниот “ростер“ на АМАК СП истрча на паркетот а единствено не поентираше Јакимоски .
АМАК СП – Маврово 91-60 (25-8 , 17-12 , 23 -22 , 26 -18 )
М.Постоловски