Охридските ракометари ја продолжија победничката серија во Супер лигата. „Гладијаторите“ до шестиот триумф во низа стигнаа победувајќи го Прилеп 39-21 (17-10) во седмата рунда од македонскиот ракометен шампионат.

Покрај бодовите од овој меч ќе се памети инцидентот и прекинот кој траше повеќе од половина час. Судиите Ѓорги Начевски и Славе Николов побараа испразнување на трибината каде што се наоѓаа навивачите на Охрид. Трибината со помош на полицијата беше испразнета, а во инцидентот има повредени навивачи на Охрид.

По инцидентот мечот продолжи, а охриѓани комплетно ја оправдаа фаворитската улога не дозволувајќи ниту трошка надеж во составот на Прилеп за поволен резултат.

Овој триумф е вовед за трите важни мечеви кои Охрид го очекуваат. Во следната рунда „гладијаторите“ гостуваат во Битола кај Еурофарм Работник, а на домашен терен ги пречекуваат Пелистер и Пролет.

Прекинат и продолжен мечот на РК Охрид во Прилеп

OhridNews