Македонија како туристичка дестинација со сите природни богатства, културно и историско наследство има огромен потенцијал и можности! Но, како сектор и како општество не треба да застанеме кај потенцијалот, треба системска грижа, вложувања и инвестиции за развој на туризмот, рече директорката на Агенцијата за туризам, Јасмина Лескаровска во денешната утринска емисија на ТВ Телма каде гостуваше заедно со Влатко Сулев, генералниот менаџер на Balkan Prime Tours и претседател на Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ).
Туризмот во државава треба да биде приоритетна гранка која ќе обезбеди економски раст, зајакнување на локалните заедници и создавање на повеќе претприемачи. Балканот како туристичка дестинација го врати своето место на светската мапа како пред 30 години, тоа значи дека трендовите и концептите на патување се менуваат. Туристите бараат алтернативни форми на туризам, зелени дестинации и автентично искуство со локалната заедница, патувачи кои ја почитуваат културата на живеење, потенцираше Лескаровска.
Недостатоците, вели, значат предизвици кои мора да се исполнат со создавање на Стратегија за туризам, Систем за одржливо и одговорно патување, зајакнување на капацитетите, развој на човечки ресурси, менување на законски легислативи, создавање на тристички продукти.
OhridNews