Охридскиот фудбал е во класичен „нокдаун“, а фудбалерите од Охрид кои настапуваат ширум Македонија се единствени светли точки.

Дејан Лескароски со тимот на Пелистер во Кичево против Скопје ќе се бори за опстанок во елитата. “Чкембарите“ за нова прволигашка авантура ќе мораат да ги совладаат скопјани, кои на големо го најавуваа враќањето во фудбалскиот крем.

„Охридската колонија“ во Еуромилк, Дарко Иловски, Наум Велјаноски и Филип Митрески за влез во елитата ќе се сретнат со Дрита во Штип.

Поради повреда во комбинација нема да биде Митрески додека Иловски и Велјаноски ќе го дадат максимумот за победа која ќе ги одведе во Првата лига.

Натпреварите се играат на неутрален терен, а ќе започнат од 16:30 часот.

Мх.П.