Охридскиот фудбалер Дејан Лескароски во редовите на Металург успешно е опериран во скопските клиники и го чека период за рехабилитација.
– Операцијата помина успешно. Цело време бев во контакт со лекарите кои ми потврдија дека се е во ред со нашиот фудбалер. Сега мора да се фокусира на здравјето, а потоа ќе го очекуваме неговото враќање на терените – рече тренерот на Металург, Срѓан Захариевски.
Според стратегот на „зелените“ Лескароски боледувал од кучешка тенија, која ќе го оддалечи од терените шест месеци.
Металург во Охрид е на финални подготовки за продолжението од Првата македонска фудбалска лига.
Лескароски аут до крајот на сезоната.
Мх.П.