Охриѓанецот Дејан Лескароски со пораз дебитираше во новиот клуб во Албанија. На домашен терен во Корча,екипата на Скендербег беше поразена од Беса со 2-0.


Лескароски го одигра целиот натпревар за тимот кој не успеа да го избегне поразот, по кој паднаа на последното коло на табелата. Во наредното коло Лескароски и Скендербег гостуваат кај лидерот на табелата Динамо Тирана.

М.П.