Охриѓанецот Дејан Лескароски прволигашката авантура ќе ја продолжи во скопски Металург.

Тој во редовите на „зелените“ се пресели од тимот на Еуромилк, кој во дебитанската сезона во Првата лига не успеа да обезбеди опстанок.

Покрај охридскиот дефанзивец Металург се засили со Александар Стојановски, кој исто така настапуваше во Еуромилк.

Подготовките „зелените“ ќе ги започнат в среда, а дел од нив се очекува да ги минат и во Охрид.

Мх.П.