Охриѓанецот во редовите на Металург, Дејан Лескароски го очекува долг рехабилитационен период откако направи две операции.


Дефанзивецот боледуваше од „кучешка тенија“, а со оперативниот зафат во Скопје отстранета е болеста.

– Во четврток подлегнав на уште една операција и пред мене е рехабилитационен период. Се помина во најдобар ред и сакам да им се заблогодарам на сите кои му пружија несебична поддршка во овие тешки моменти. – рече Лескароски.

Некогашниот фудбалер на Охрид 2004 поддршка доби од поранешните и моментални соиграчи од Металург.

Тој поради болеста ќе го пропушти пролетниот дел од шампионатот, а најверојатно ќе биде фит и подготвен за следната сезона.

Мх.П.