Охридскиот боксер Сашо Лескароски натпреварите на 43-то издание на „Златниот Гонг“ ги заврши во првата рунда.
Подобар во категоријата до 64 килограми од охриѓанецот беше Англичанецот, Џош Кали, кој триумфираше на поени. Битката била изедначена во целиот тек на борбата, а поради тоа била прогласена за најдобра на турнирот.
Двајцата боксери по завршување на борбата поради сериозните повреди биле пренесени на болница. Англинскиот боксер најверојатно нема да го продолжи натпреварување на „Гонгот“ поради видливите повреди.
Мх.П.