Охридскиот боксер Сашо Лескароски претрпе пораз на поени 2-1 од грчкиот боксер Цаникидис Александрос во 1/8 финалето на Медитеранските игри во Мерсин, Турција.

Вториот охридски преставник во Турција, Бојан Ристевски во 1/4 финалето ќе се сретне со Италијанецот, Ди Русо Алфонсо.

Стружанецот Фатлум Жута во првата рунда во неговата категорија во рингот ќе боксува со Салум Најид од Либија.

Мх.П.