Пелистер со минимални 1-0 го совлада Скопје во бараж мечот, кој се одигра во Кичево и опстана во елитното друштво, а таму ќе му се приклучи и Еуромилк.

Стрелец на победничкиот погодок за “зелените“ беше искусниот Димитриоски триесет секунди по влегувањето во игра.

Неславен крај имаше втората бараж средба Еуромилк – Дрита, која се одигра во Штип. “Црвено црните“ го напуштија теренот при резултат 3-2 за “млекарите“, кога главниот судија досуди за нив непостоечки пенал.

Следната сезона „охридската колонија“ во Еуромилк, Иловски, Велјаноски и Митрески ќе бидат дел од фудбалскиот крем во Македонија.

Мх.П.