Локалното дерби на дното во албанската супер лига помеѓу Грамози и Скендербег играно во Ерсека, не го дочека својот крај, откако во 75 минута домашната публика не задоволна од текот на настанати почнала да фрла дрва и камења и се обидела да влезе во теренот да се пресмета со играчите. Гостите уште во првата минута го отвориле резултатот, што дополнително ја загреало атмосферата на стадионот.


Се наоѓаме во победничка низа и наша цел беше со добар резултат да се вратиме од Ерсеке за да направиме голем чекор кон обезбедувањето на опстанокот. Локално дерби имаше голем набој, а за нас се` течеше во најдобар ред, се до петнаесетина минути пред крајот. По грубиот старт над нашиот напаѓач имаше мешаница по која публиката здиве и почна  рафално да фрла со камења по нас. Еден од тие  камења го погоди главниот судија што беше и  знак за евакуација. Брзата интервенција на полицијата не спаси од најлошото – ни рече охриѓанецот Дејан Лескароски кој е стандарден во тимот на Скендербег.

Навивачите на Грамози продолжиле да прават проблеми и надвор од теренот, кога имале пресметка со полицијата. Грамози е клуб на албанскиот бизнисмен Тачи , клуб кој неодамна одигра пријателска средба со Реал Мадрид во Тирана.

М.П.