Охриѓанецот Дејан Лескароски и неговиот Скендербег се хит во продолжението на шампионатот во албанската супер лига. По аклиматизацијата Лескароски е незменлив во одбранта на тренерот Мирел Лоша,а неговиот клуб нанижа четири победи во серија. Победeни се Динамо (4-3), Беса (2-1) , Теута (3-0) и Шкумбини (1-0).
–
Бргу се адаптирав на условите овде и задоволен сум како ме прифатија во клубот и навивачите во Корча.
Едвај чекам да го постигнам првиот гол во новиот дрес -вели Лескароски.
Битката за опстанок, Скендербег и Лескроски во наредното 25 коло ја продолжуваат на гостувањето кај Грамози.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com