Во недостиг на противници во својата категорија охридските боксери Сашо Лескароски и Бојан Ристески решија сами да си наоѓаат противници откако се натпреваруваа во потешка категорија.

И во потешка категорија Лескароски остана без противник, но во иднина ќе има ривали со кои ќе натпреварува во рингот. Среќа имаше Ристески, кој во категоријата до 75кг. го победи Адем Адеми од боксерскиот клуб Шкендија со прекин во првата рунда.

Победа во втората рунда забележа и Илчо Јоноски, кој до 91кг со чисти 3-0 го совлада Мартин Стојчевски од клубот Баргала од Штип.

Следната трета рунда од националниот боксерски шампионат ќе се одржи на 11 мај во Охрид.

Мх.П.