Екипата на Лабуништа која следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига-запад ги засили своите редови со охриѓаните Дејан Лескароски и Наум Џалески.
Тандемот кој некогаш го носеше дресот и на ФК Охрид треба да биде од голема помош за новајлијата во второлигашкото друштво.
На промоцијата на Лескароски и Џалески, Лабуништа го презентираше и тренерот Пепи Џигероски, кој ќе има задача да избори опстанок во првата сезона во Втората лига.
Лабуништа пласман во Втората лига обезбеди по пат на бараж, односно со победа и реми во дуелите со Зајас и Гоблен Јуниор.
OhridNews