Македонската репрезентација во Бокс, ќе земe учество на меѓународниот турнир во Скадар, Албанија.
Државниот првак во категоријата до 64 кг охриѓанецот Лескароски и Ристески ќе имаат можност да ја проверат својата форма и да се наметнат кај селекторите Руждија Калач и Хани Фисник за Европското првенство во Азербеџан и Светскиот собир во Турција.
– Оваа година дебитирам во рингот и тоа на едно квалитетно натпреварување, подготвен сум за добар настап во Албанија и да се покажам во вистинско светло. Тестот во Скадар ќе ни послужи да се подготвиме што подобро за “Белградскиот Победник“ – истакна Лескароски.
На турнирот се најавени учесници од повеќе земји , а најголемо внимание привлекува учеството на италијанските боксери.
– На турнирот во Скадар очекувам квалитетни “фајтерски мечеви“ посебно во мојата категорија (64 кг) и во категоријата на Бојан Ристески (69 кг). Боксери ќе има од Италија, кои боксуваат во стил која многу наликува на познатата руска школа – изјави за “Ohridnews“ Лескакорски.
Мх.П.