Охриѓанецот во редовите на скопски Металург, Дејан Лескароски поради проблеми со стокамот ќе го пропушти продолжението од сезоната.


Лескароски беше незаменлив столб во одбраната во есенскиот дел од сезоната, а „зелено белите“ на позитивни резултати ќе атакуваат без неговата помош.

– Најважно во овој период сега е тој целосно да оздрави, а потоа му посакувам што побргу да оздрави. Навистана штета за него и за нашиот тим бидејќи тој беше клучна алка во одбраната. Но, тоа е фудбалот ќе се снаоѓаме и без него – рече за „Македонски спорт“, Срѓан Захариевски.

Охриѓанецот во есенскиот дел одигра петнаесет натпревари и два пати се запиша во листата на стрелци.

Мх.П.