Екипата на Лескајца триумфираше на турнирот во мал фудбал, кој се игра традиционално за големиот муслимански празник Курбан Бајрам.
Турнирот се одржуваше во спортско рекреативниот центар „Климент Колески“, а во финалето Лескајца го совлада тимот на Каиро Санко. Во малото финале Сантош беше поуспешен од Сокаче Водовод.
За најдобар фудбалер на турнирот беше прогласен Мемиш Северџан, најдобар голман Адријан Арслан додека најефикасен фудбалер беше Челик Усеиновски.
Турнирот во мал фудбал го организираше хуманитарното здружение „подадена рака“ од Арбен Демироски заедно со советникот Кујтим Усеини, а голема поддршка добија од Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Мх.П.