Првакот во Општинската Фудбалска Лига, екипата на Лешани ќе го преигра бараж мечот за влез во третата фудбалска лига Југозапад против екипата на Лирија од Ресен.

Првиот натпревар по меѓусебно кошкање беше прекинат при резултат 4-1 за Лешани, по што натпреварувачката комисијата одлучи мечот да се преигра.

Повторниот бараж меч ќе се игра на неутрален терен во Оризари, Битола в Недела.

Според пропозициите во случај на нерешен резултат ќе се играат продолжетоци. Доколку и во тој период не биде одреден победникот следува изведувањето на пеналите.

Системот на натпреварување во регионот наредната сезона ќе претрпи промени. Ќе има скратување на лигите, па така од пет ќе се формираат три нови региони.

М.П.