Кошаркарите на АВ Охрид експресно се вратија на победничките патеки во Втората лига совладувајќи го составот на Академија ФМП со убедливи 95-72 (25-18, 20-8, 27-21, 23-25) во 16-та рунда од првенството.
Со победата над „академците“ пулените на Петар Чочороски се доближија на чекор од пласман во Првата кошаркарска лига.
„Галебите“ убедливо го добија првиот дел со (45-26) што им овозможи комотна игра во второто полувреме.
Охриѓани во третиот квартал го зголемија водството за шест поени (72-46), а гостите во последниот период успеаја за два поени да го ублажат поразот за конечни 95-72.
Најмногу вкупно 17 поени во охридскиот состав реализираше Михајло Арсоски, по 15 постигнаа Бранко Јанески и Петар Виларов, а на 11-ет застанаа Антонио Донески и Петар Бојоски.
Во претпоследната рунда од Втората лига „галебите“ гостуваат во Чаир кај составот на Шкупи.
Мх.П.