Свесни сме дека  граѓаните сеуште ја прикриваат туристичката такса, велат во Секторот за локален еконосмки развој.

-Ние знаеме дека истите станоиздавачи истите средства ги реинветсираат кај себе. Секој гледа да вгради клима уред или да ги подобри капацитетите, но граѓаните треба да бидат свесни дека основата за развој е во прибирањето на даноците. До сега колку и да толериравме битно ни беше да го завршиме процесот на регистрација, и сега знаеме кој ни се коминтенти, но факт е дека има и други коминтетнти кои не се влезени во евиденција, изјави раководителот на ЛЕР,  Гоце Симоновски. Според него нема потреба од заострување на мерките за наплата на туристичката такса туку треба да се почитува законот. Со новиот начин на евиденција на туристичките субјекти веќе постои можност за подобра контрола  бидејќи станоиздавачите се обврзани гостите да ги пријавуваат во полиција од каде ги добиваме податоците, објаснува Симоновски.

-Не се потребни 1000 инспектори зошто и да ги имаме тие не ќе можат да ги исконктролираат сите станоиздавачи, вели Симоновски. Тој појаснува дека туристичка такса прикриваат и хотелите, на што упатуваат аналитичките податоци кои неодамна биле разгледувани од надлежните служби. „Хотелот СВР според бројот на пријавени гости има максимална наплата на таксата, додека друг хотел кој има споредбен и поголем број на пријавени гости има платено третина одтуристичката такса“, посочива Симоновски.

Според податоците на  ЛЕР во општина Охрид се регистрирани  1300 станоиздавачи од мал обем со вкупно 8000 легла, а уште  3000 легла има во хотелското сместување. Следна цел ќе биде подобрување на наплатата на туристичката такса, информираат од ЛЕР.

Категоризацијата на приватните станоиздавачи ја поздравија туристичките работници. Според агенциите со категортизацијата ќе се воведе ред во туристичката понуда, но според нив тоа нема да е доволно доколку не се елиминираат другите недостатоци кои негативно влијаат на имиџот на Охрид.

Ohridnews