Победници на регионите се Влазними (Струга), Влазрими (Кичево), 11 Октомври (Прилеп), Осогово (Кочани) и победникот од Северниот регион.
Според ждрепката, на 17 јуни ќе играат: Кожуф-11 Октомври (во Скопје), Влазрими-Осогово во Струмица и Влазними-Победникот од Север во Прилеп, Илинден или Лепенец.
Според пропозициите, во случај на нерешен резултат, се изведуваат пенали се до конечниот победник. Победниците ќе стганат членови на Втората лига, поразените од идната сезона ќе играат во регионот.