Див леопард бил виден денес во кампусот на Индискиот технолошки институт, кој се наоша во предградие на Бомбај, соопштиле индиските власти, наведувајќи дека експертите од министерството за шумарство го пребаруваат просторот во потрага по опасниот предатор. Претставничката на институтот изјавила дека студентите и професорите утрово ја виделе големата мачка во близина на една лабораторија и ја известиле универитетската управа.
Таа рекла дека наставата во другите делови на 225 хектари големиот кампус се одвивала нормално. Институтот се наоѓа покрај националниот парк Санџај Ганди и ова е втор пат во последните неколку години еден леопард да го посети нивниот кампус.