Еден леопард предизвикал огромна паника во градот Меерут, 60 километри североисточно од Делхи, каде успеал да влезе во болница, кино и една зграда пред да побегне. Леопардот вчера бил забележан во празна сала на воената болница во градот.

Специјализираните агенти, кои биле повикани на помош, успеале да го погодат со стрела со средство за смирување, меѓутоа леопардот успеал да се провлече помеѓу железните решетки и да побегне. Потоа влегол во просториите на едно кино, па продрел во стамбен блок. Оттогаш му се губи секоја трага. Градските училишта и трговски центри се затворени од претпазливост.