Леопард човекојадец изел 12 лица во селата во подножјето на Хималаите. Мадан Панеру, еден од селаните вели дека дивото животно ги тероризира селаните и речиси е невозможно ноќе да се шета наоколу. Истакнал дека станало проблематично патувањето помеѓу селата низ шумата. Првата жртва леопардот ја убил во 2012 година, а оваа година изел две лица.
Многумина успеале да извлечат жива глава, но се повредени. Последниот напад се случил минатиот четврток. Луѓето носат стапови како би се обиделе да се одбранат. Многумина од селаните веруваат дека посебно лесен плен за леопардот се пијаните лица. Белинда Рајт, од индиското друштво за заштита на дивите животни, смета дека леопардот не ги цели баш оние алкохолизираните, но инстиктивно ги напаѓа оние кои ги гледа дека се тетерават навечер. Леопардите и тигрите почнуваат да напаѓаат луѓе кога се или повредени или престари да можат да ловат кучиња, нивната омилена храна.