Уште неименуван за нов тренер на “нероаѕурите“ бразилецот Леонардо започна да ја бранува светската спортска јавноста. Поранешниот фудбалер на Милан и минатогодишен тренер ја шокираше јавност со изјавата но и желба во Интер да ја доведе живата легенда на “росонерите“ Паоло Малдини.


Малдини (42) слично како и неговиот татко Чезаре целата своја кариера ја мина во “црвено-црниот“ дрес и се една од ретките традиции (татко-син) кои успеавале да го подигнат трофејот во Лигата на Шампиони во исти клуб.

Невозможна мисија е желбата на Леонардо која се очекува да наиде на жестока критика во двата табора во Милано. “Црвено-црните“ неможат да го смислат “Il capitano”  во спортивниот табор, а ниту пак армијата навивачи на Интер ја сака иконата на Милан за свој потпретседател.

Малку фали Леонардо да го навлече гневот на најзагреаните фанови на Интер, кои му порачуваат дека Интер не е Милан, и дека во клубот има доволно легенди кои го заслужуваат тоа место.

М.П.