Актерот Леонардо ди Каприо очигледно е многу слаб на манекенки. До сега бил во врска со седум од нив. Неодамна ја завел и австралиската манекенка Кендал Шулер. Ја запознал во Сиднеј каде го снимал филмот „Големиот Гетсби“.

Според неговите колеги од снимањето, актерот сакал да присуствува на забавите по плажите и да одмара во коктел баровите. На една од нив ја запознал и прекрасната Кендал. Парот една седмица претходно бил забележан на австралиското шоу “Australia’s Next Top Model”. Најпознати манекенки со кои претходно бил во врска се Бар Рафаели, Жизел Бундшен и Бриџит Хал.