Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо е во врска со Афердита Дрешај. Бидејќи неодамна бил виден во еден хотел во Мајами со згодна русокоса, американските медиуми жестоко се потрудиле да го дознаат нејзиниот идентитет. Имено, Лео се нашол со Бредли Купер во еден хотел во Мајами. Тогаш со него се појавила убава русокоса и никој не знаел која е таа.
Подоцна дошле до сознание дека девојката со која Лео се „дружи“ е моделот и Мис Универзум на Косово за 2011, Афердита Дрешај. Иако минатата година раскинал со манекенката Ерин Хетертон, упатените тврдат дека Афердита е неговата нова љубов. Таа за медиумите изјавила дека само се дружат како пријатели.