Иако се обиделе да демантираат дека се во врска, Леонардо ди Каприо и Блејк Лајвли во Кан покажале дека немаат од што да се срамат. Минале едно заедничко романтично попладне на една луксузна јахта. Иако веќе извесно време се зборува за новиот пар во Холивуд, нивната врска сеуште не е официјално потврдена. Сепак, за време на филмскиот фестивал во Кан Леонардо ди Каприо и Блејк малку се опуштиле.
Биле фотографирани насмеани и прегрнати на јахтата на Стивен Спилберг.
Истовремено, поранешната девојка на Леонардо, израелската манекенка Бар Рафаели, на црвениот тепих на фестивалот покажала дека изгледа подобро од било кога.
Леонардо и Блејк се запознале минатата година на една вечера на која се собрала целата актерска екипа од новиот филм кој го снимале.