Популарниот холивудски актер ќе игра во американско-индискиот филм “Xtreme City” чиј продуцент ќе биде режисерот Мартин Скорсеже, пренесле медиумите. Сценаристот Муштак Сијек рекол дека сите биле воодуштевени од неговто доаѓање и дека тоа биле најдобрите вести кои ги слушнал во последни време.


Снимањето би требало да почне најрано идната година. Во филмот ќе настапи и боливудската звезда Шарук Кан. Меѓу последните услоги на Леонардо Ди Каприо најмногу се истакнуваат оние во филмовите „Почеток“, „Затворен остров“ и „Крвавиот дијамант“.