Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо преговара за улога во римејкот на филмот „Звездата е родена“ во режија на Клинт Иствуд. Во јануари било соопштено дека Бијонсе ќе ја игра главната женска улога во римејкот на филмот од 1976 година, чии звезди беа Барбара Стрејсенд и Крис Кристоферсон.
Доколку ја прифати улогата, Леонардо Ди Каприо ќе го игра ликот на актер во средни години кој и помага на една млада актерка да стане славна. Претходно оваа година Иствуд изјавил дека ќе сними филм во 3Д техника, но дека за тоа му е потребен проект кој ќе одговара. Неговиот следен филм е за Едгар Хувер, кој во кината ќе се појави во декември, а главната улога исто така ја игра Леонардо Ди Каприо.