Пред месец дена манекенката Тони Гарн стави крај на врската со славниот актер Леонардо ди Каприо после повеќе од една година врска. Парот почнал да се гледа во тајност минатата година, а на нивното раскинување му пресудило напуштањето на Леонардо на една забава во Мајами во друштво на 20 девојки. Се чини дека не видел никаков проблем во тоа да ужива во друштво на повеќе убавици па и по раскинувањето продолжил исто темпо. Папараците го фотографирале како ужива на плажата Сент Бартс во друштво на неколку девојки.
Заводникот со друштвото уживал на песочната плажа, а откако им помогнал да своите убави пријателки да се качат во чамец, се упатиле на своја приватна забава на море. Актерот пуштил брада поради улогата во филмот ‘The Revenant’. Иако многу обожавателки повеќе ја сакаат неговата фаза на шармантен заводник од Титаник, се чини дека на многу им одговара и вака со брада. Актерот е вистински заводник веќе со години, а негови поранешни девојки се Жизел Бундшен, Бар Рафаели, Ерин Хетертон и Блејк Лајвли.