Во последно време Леонардо ди Каприо повеќе пати бил во Израел со девојката Бар Рафаели. Пријателите на актерот рекле дека планира да премине на еврејската религија, што е знак дека по пет години врска ќе се венча со израелската манекенка.


Кога одат заедно во Израел наместо во станот кој го имаат во предградието на Тел Авив, отседнуваат во хотел за да ги избегна папараците. Леонардо и Рафаели се запознале 2005 година на забава во Лас Вегас. Недолго пред тоа Леонардо прекинал со Жизел Бундшен, која како и неговата сегашна девојка е модел на Викторија Сикрет.