Еден од најпосакуваните светски ергени, холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, дефинитивно има тип жени кој веќе со години му се допаѓа. Витки, секси манекенки, сите русокоси, упорно му „запнуваат“ за око, а најнова во низата е згодната Кели Рохрбах која е овогодишна „почетничка на годината“ на бикини изданијата на Спортс Илустрејтед.

 

Актерот е виден со манекенката во Лос Анџелес во неколку клубови каде се забавувале до ситните часови. Неговиот портпарол вообичаено одбил да ги коментира наводите, но доколку може да и се верува на доследноста на Леонардо, приказната би требало да биде вистинита. Да потсетиме, бил во врска со славни манекенки, почнувајќи од Жизел Бундшен, потоа Бар Рафаели, па се до Тони Гарн со која прекинал неодамна. Се чини дека убавата Кели е природно продолжение на неговата љубов кон супермоделите.